Владата никако да го усвои законот за попис

20180606084205.jpg

Иако Заводот за статистика го најавува предлог-законот за попис, кој треба да биде усвоен на владина седница пред да биде испратен во Собрание, уште од почетокот на годината, тој се уште не го поминал владиниот филтер. Пописот на населението треба да се одржи во 2020, но за тоа на последните владини седници се очекуваше да биде донесено законското решение.

Иако бепе најавен, тој не се донесе ниту на вчерашната седница.

– На 129-та седница не беше дискутирано за Законот за пописот. Очекуваме тој да биде во владина процедура на една од наредните седници. Верувам дека ги знаете и одлуките на Владата дека пописот ќе биде во 2020. Не постои некоја посебна причина што законот сѐ уште не се става на дневен ред. Истиот е во подготовка и се надеваме дека идната недела ќе биде на владина седница – изјави владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Предлог-законот беше најавуван и на последната мартовска седница во Владата, но неше ставен на дневен ред ниту тогаш со објаснување дека се работи уште на одредени технички детали. Без да се донесе овој закон институциите не можат да ја започнат својата подготовка.

Од заводот за статистика првично не предвидуваа графа за етничката припадност, но таа беше додадена. Според предлог-законот граѓаните кои не живеат на територијата на Македонија повеќе од една година ќе бидат заведени како население во дијаспората.

Според најавите на заводот за статистика, пробниот попис се очекува да се одржи во јуни во 44 региони, а пописот би се одржал во март 2020 година. Се планира да чини околу 8,5 милиони евра. Последниот попис датира од 2002 година, додека во 2011-ттата пописната операција беше прекината пет денови пред да заврши.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top