Васил Стерјовски положи свечена заклетва во албанскиот парламент

vasil-sterjovski-1-768x390.jpg

Денеска се одржа пленарната седница во албанскиот парламент и започна со заклетва на 12 нови пратеници, 8 од редовите на опозицијата и 4 други од мнозинството. Еден од нив е Васил Стерјовски тој е генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) а на последните локалани избори беше избран и за советник во Советот на опшина Пустец.

Со тоа тој ќе биде првиот пратеник во албанскиот парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец. На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

Од ДП-ЛС положија свечена заклетва и Кренар Ручи, Костак Папа, Сузана Топи, Селами Јанишери, Бесник Троплини, Халит Валтери и Едмонд Стојку. Од СП, Флоренц Спахо, Ардит Кономи, Адриана Јаку и Ељо Хиско.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top