Делегација на Интегра – Македонска конзервативна партија оствари официјална средба во албанскиот парламент со пратеникот од Македонска алијанска за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски. Ова е прва официјална посета на пратеникот Стерјовски од политичка партија од Република Македонија. На средбата беа изразени честитки за изборот на Стерјовски за пратеник и се разговараше за можностите за соработка помеѓу двете партии во сите сфери, како и можностите за унапредување на положбата на Македонците во Албанија. Васил Стерјовски е генерален секретар на МАЕИ и прв Македонец избран во албанскиот парламент.
Васил Стерјовски оствари официјална средба со делегација на Интегра – Македонска конзервативна партија во албанскиот парламент
