Македонскиот ракометен шампшион Вардар, по трет пат во низа се пласираше на завршниот турнир во Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ ја одбранија предноста од осум гола од првиот четвртфинален натпревар одигран на домашен терен и покрај тоа што беа поразени на гости кај Пик Сегед со 29:25.
Вардар одигра хаотичното прво полувреме во кое му дозволи на противникот да направи предност од осум – девет гола, но затоа во вторто одигра на висина задача и успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн.
Иван Карачиќ беше најефикасен во таборот на Вардар со осум гола, пет пати прецизен беше Криштопанс, четири гола постигна Дибиров, а три капитенот Стоилов.