Бронзен медал за Давид Крстески на ЕП во Италија

52.jpg

Младиот Давид Крстески и Филип Јосифоски беа преставници на македонската репрезентација во ИТФ теквондо на Европското првенство кое се одржа од 1 до 8 април во италијанскиот град Римини. Крстески настапот на ЕП го заврши со бронзен медал, додека Јосифоски не успеа да победи во борбата за медал.

11-годишниот Крстески бронзениот медал го освои во категоријата форми за црвен појас-кадети, а учествуваше уште во спаринг борби (-40кг)-кадети. Јосифоски беше дел од форми црн појас 2 два-сениори, специјалните техники – сениори и спаринг борби (-64кг)-сениори.

Задоволството од успехот на Крстески не го криеше селекторот и претседателот на македонската ИТФ, Марјанчо Лазеревски. Тој изјави дека Крстески ја оправдал довербата и секој труд кој е вложен во него. Исто така го пофали Јосифоски, кој на ЕП извел еден најатрактивните вртени удари во скок за 540 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top