Брнс – Ангеловска: 25 години искрено пријателство на Македонија и САД

.jpg

Соединетите држави се вистински пријател на Македонија веќе 25 години и на дело ја покажуваат важноста на градењето на мостови меѓу државите, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска на првата официјална средба со американската амбасадорка, Кејт Мари Брнс.

„САД преку УСАИД имаат инвестирано 640 милиони долари во програми кои создадоа нови работни места, поддржаа слободни и фер избори, ги подобрија меѓуетничките односи и придонесоа за вклучување на маргинализирани и ранливи групи“, рече Ангеловска.

Неодамна, соопшти Министерството за финансии, Македонија ја доби и втората транша од 11 милиони долари од грантот од САД кој изнeсува 25,5 милиони долари и е наменет за развој. Проектите реализирани во овие рамки имаат за цел да се подобри пристапот до финансии за микро, малите и средни претпријатија, како и да се обезбеди поголема енергетска сигурност. Дел од средствата се насочени кон помош во градење на капацитетите на извршната власт и кон зголемување на вклученоста на маргинализираните групи во општеството.

Амбасадорката Брнс го поздрави позитивниот и енергичен став на министерката како пристап со кој навистина може да се менуваат институциите и целокупната култура на работење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top