Британскиот принц доаѓа во Македонија

princ-edvard.jpg

Принцот Едвард, грофот од Весекс, ќе ја посети Македонија на 15 и 16 мај, најавија од британската амбасада во Скопје.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работа која ги поврзува двете земји во различни области.

Од Амбасадата истакнаа дека повеќе детали за програмата ќе бидат дополнително објавени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top