Македонската ракометна репрезентација ремизираше со Исланд во Скопје и останува на врвот на табелата во својата квалификациска група за ЕП.
Селекторот Данило Брестовац по средбата истакна дека е задоволен од борбеноста и залагањето, но и од резултатскиот ефект на двете средби против Исланѓаните.
– Момците одиграа два квалитетни натпревари за пет дена, јас не би гледал на денешниот резултат како на реми, туку како освоени три бодови од две средби против квалитетен противник. За нас ова беше потежок натпревар бидејќи веројатно бевме малку и испразнети по триумфот во Рејкјавик, а мене ме радува што два пати имавме и поголем дефицит, но успеавме да се вратиме, а на крајот и дури тие извлекоа нерешен резултат.
– Мислам дека со овие пет бодови сме речиси пласирани на следното Европко првенство, а успехот е поголем ако се знае дека пред овие две средби бевме во потешка позиција во групата. Со две победи на дуелите со Турција и Грција на кои ќе бидеме фаворити, ќе бидеме и први во групата, – истакна Брестовац.