Блерим Река прв на гласачкото ливче, по него Силјановска и Пендаровски

55920890_2277208579200754_6431968870155681792_n-696x470.jpg

Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница со жрепка се утврди редоследот на кандидатите за претседател на државата на гласачкото ливче .

Прв на листата е Блерим Река, зад кого застанаа Алијансата на Албанците и Движењето Беса.

На врото место е Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а третото место на гласачкото ливче  припадна на кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски апелираше до сите учесници во кампањата изборите да поминат во фер и коректна атмосфера, да претставуваат вистински политички натпревар на идеи, со цел да се добијат чисти и регуларни избори.

Од Државната изборна комисија апелираа кандидатите да се воздржат од јавни настапи до 1 април, кога официјално почнува претседателската кампања. Кампањата ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top