Благој Веселинов добитник на награда за „Shooting Star“ на Берлинале

47471303_3031-670x377.jpg

34-годишниот актер од Македонија, Благој Веселинов, во рамки на престижниот филмски фестивал „Берлинале“, ја освои статуетката „Shooting star“, која ја добиваат најдобрите европски актери во подем. Покрај него, оваа награда ја добија и уште девет актери од Србија, Естонија, Исланд, Норвешка, Германија, Данска, Полска, Шведска и Ирска.

Церемонијата се одржа во „Берлин палас“, а наградите им ги врачија членовите на жирито за оваа програма, македонската режисерка Теона Митевска и исландскиот актер Ингвар Сигурдсон.

Жирито било одушевено од глумата на Веселинов во филмот „Исцелител“. „Благој Веселинов целосно го импресионира жирито со неговата изведба во фимот ‘Исцелител’ на Ѓорче Ставрески, кој е проследен со длабока и неочекувана чувствителност. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе направи следно“ – стои во коментарот на членовите на жирито.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top