Битолскиот универзитет потпиша договор за академска соработка со универзитет од Сараево

IMG_2672-810x540-810x540.jpg

Во Ректоратот на Универзитетот во Сараево, на пригодна свеченост, беше потпишан Договорот за билатерална меѓууниверзитетска соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и Универзитетот во Сараево. Договорот го потпишаа ректорите проф.д-р Сашо Коруновски и проф. д-р Рифат Шкријељ.

Договорот предвидува промовирање на академската, образовната и културната соработка помеѓу двете високообразовни установи.Во рамките на потпишаниот договор ќе се развива и институционална соработка низ различни форми како што се размена на наставнички, истражувачки и други кадри, студенти, посети, размена на искуства, предавања; заеднички вмрежувања, аплицирања и учества во европски и други образовни и научно-истражувачки фондови; активности за организирање заеднички обуки, истражувања, конфренции, симпозиуми, летни школи, семинари, работилници; како и размена на стручна литература, учебници и други универзитетески публикации. Потписниците изразија задоволство од чинот на потпишувањето и заклучија дека има многу области за соработка од заеднички интерес.

Позитивни искуства веќе се нотираат во повеќегодишната соработка помеѓу две членки – Факултетот за безбедност при УКЛО и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при УНИ СА.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top