Бизнисот бара да се формира Унифициран регистар, каде ќе се избегнат двојните плаќања и ќе се добијат унифицирани цени, вели Данела Арсовска претседателка на Сојузот на комори во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.
Од 50 денари до 18 милиони денари или речиси 300.000 евра – толку може да плати една компанија во земјава по државните институции за такси, надоместоци, дозволи, одобренија, лиценци.