Антикорупциска: Ако Заев стане министер за финансии ќе го прекрши законот

antikorrupsion.jpg

Премиерот Зоран Заев истовремено не може да биде министер за финансии, но може да раководи со ресорот, смета Антикорупциската комисија.

Тие во допис до Собранието и Талат Џафери информираат дека доколку Заев истовремено биде минситер за финансии и премиер, ќе настане прекршување на законот.

Комисијата се повикува на членот 44 од законот за спречување на корупција и судир на интереси гласи: „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга“.

„Во случај, кога Претседателот на Владата на Република Македонија би се избрал за министер за финансии ќе настане повреда на гореспоменатите одредби при што. ДКСК ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“ – се вели во дописот на ДКСК.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top