Ансамблот „Танец“ со концерт ќе одбележи 70 години постоење

Tanec-640x356.jpg

Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” денеска ќе одбележи 70 години од формирањето. По тој повод, ансамблот вечер ќе одржи концерт во Националната опера и балет.

Пред почетокот на концертот, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев и директорот на НУ ансамбл „Танец”, Мартин Вучиќ.

Асамблот „Танец“ официјално е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Богатото фолклорно наследство, песните и ората од државава, „Танец“ ги презентирал на голем број светски сцени и има добиено многу награди и признанија. Ансамблот учествувал на повеќе од 4.500 концерти во земјата и во светот пред околу осум милиони гледачи.

Репертоарот на „Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: „Невестинското”, „Тешкото”, „Комитско”, „Чифте Чамче”, „Осоговка”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top