Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса со Тао Жанг од ММФ

bezhoska-29.jpg

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса со Тао Жанг, заменикот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто се одржа во неделата, во Дубровник, Хрватска.

Настанот беше организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа”, на којашто учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и угледни експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту.

Дводневното конференциско издание беше посветено на пазарот на трудот и демографските предизвици, иднината на работната сила и политиките коишто се потребни за одржлив економски раст и достигнување на нивоата на доход во развиените земји од Западна Европа.Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на состојбите на пазарот на труд во нашата економија, истакнувајќи дека тековно се забележува континуиран раст на работоспособното население и раст на вработеноста, но дека според проценките на меѓународните институции, на среден рок се очекува забавување на тој раст.Тоа наметнува потреба од особена внимателност и од таргетирано делување на пазарот на труд и кај нас, преку натамошно спроведување активни политики и мерки насочени кон пазарот на труд, подобрување на квалификуваноста на работната сила, но и поопшто, спроведување структурни реформи и јакнење на институциите, со што ќе се забрза процесот на конвергенција кон повисоки нивоа на доход.

Високиот претставник на ММФ, Жанг и учесниците на тркалезната маса заеднички заклучија дека намалувањето или бавниот раст на работоспособното население во услови на неповолни демографски движења и емиграција претставува предизвик за сите земји во регионот на ЦИЈЕ.

Тоа упатува на потребата од преземање повеќе мерки за зголемување на стапката на активното население, особено на жените, продолжување на животниот век на населението, зголемување на квалификуваноста на работната сила, како и поттикнување иновации и автоматизација.Гувернерката Ангеловска-Бежоска го искористи своето учество на значајната конференција на Хрватската народна банка и ММФ, којашто заврши вчера, и за билатерални средби со своите колеги од регионот, како и со претставници на меѓународните институции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top