АКУД „Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години од своето постоење

mkd-324282.jpg

Со концeрт на фолклорниот и хорскиот ансамбл, Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев” денеска ќе одбележи 70 години од своето постоење.

Друштвото ќе одржи целовечерен свечен концерт, кој веќе посетителите секоја година го очекуваат, поради својата долгогодишна традиција што се покажа како манифестација која заслужува почит во месецот кој изобилува со настани од културата.

На концертот ќе настапи и народниот оркестар на „Мирче Ацев“, а солистка ќе биде познатата пејачка Елена Петреска.

Во текот на следниот период предвидени се голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top