|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
| КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА |
|
|
|
|
|
|
|
|
| НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА |
Петок.18.5.2012
|
|
|
|
|
|
КОНЕЧНО !!!
НАЈЛЕСЕН НАЧИН ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА НАШИТЕ ВО СТРАНСТВО |
Матицата на иселениците од Македонија на сопствена иницијатива формираше база на податоци за сите иселеници Македонци ширум светот, пополнувајки ја базата со податоци за ВАС од сопствената архива, која е, мораме да си признаеме, многу стара. Затоа ВЕ МОЛИМЕ, доколку не се пронајдете во базата да ги внесете ВАШИТЕ ЛИЧНИ податоци (во ВАШ интерес е податоците да бидат точни) и со тоа да ја збогатиме содржината на базата на задоволство на сите МАКЕДОНЦИ, во и надвор од Македонија.
НАПОМЕНА: Сите податоци од базата се јавно достапни на интернет мрежата
Доколку ВЕ има во базата и некој податок за ВАС не е точен (на пример променета ви е адресата на живеење) ВЕ молиме да не известите на support@maticanaiselenici.com и ние ќе ја внесеме промената во базата. |
|
Со секој нов запис во базата на податоци за иселениците, стануваме побројни, помоќни и подостапни за секој Македонец, насекаде низ светот. |
| ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИМЕ |
|
|
|
|
| ВЕСТИ |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
НАTO ја деградира Македонија!
Скопје, 18 мај 2012
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира за податоците изнесени за бројот на Албанците во Македонија на службената интернет страница на Самитот на НАТО во Чикаго и од генералниот секретар бара веднаш да го корегира процентуалното учество на Албанците во вкупното население според службените статистики.
повеќе
|
|
|
| |
| ВЕСТИ |
Лук Кофи:
Апсурдно е Грците да продолжат со блокирањето на Македонија
Скопје, 18 мај 2012
Македонија е главен кандидат за приклучување во НАТО, и САД треба да го искористат своето влијание за да и помогнат на земјата да стане член на Алијансата, вели аналитичарот на „Херитиџ“ Лук Кофи, во анализата „НАТО има потреба од американско лидерство“, обајвена во пресрет на Самитот во Чикаго.
повеќе
|
|
|
| |
| ВЕСТИ |
ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ЗАКЛУЧОКОТ ОД БУКУРЕШТ НА САМИТОТ НА НАТО?
Секоја запирка во Чикаго ни е битна
Христо Ивановски, Жана П. Божиновска
Скопје, 18 мај 2012
Демонстрантите пристигнаа во градот на Барак Обама да ги пречекаат 60-те светски лидери, кои в понеделник ќе се соберат на самитот на НАТО. Според информациите од американскиот печат, веќе се уапсени и десетици демонстранти, но од „Окупирај го Чикаго“ и „Kоалицијата против војната на НАТО/Г8“ велат дека нивните маршеви ќе бидат мирни.
повеќе
|
|
|
| |
| ВЕСТИ |
ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ПРЕД ЛОKАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Партиите тргнаа во лов на гласачи
Скопје, 18 мај 2012
Десет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се мобилизирани како тие да се одржуваат по еден месец и на големо влегоа во изборна кампања и во лов на нови гласачи. Социјалдемократите веќе ја почнаа постапката за избор на кандидати за градоначалници, најавија нивна промоција на митинзите што ќе следуваат наредните месеци, почнуваат преговори за предизборни коалиции, а ВМРО-ДПМНЕ одржува партиски трибини во целата земја, го рекламира успехот на досегашните градоначалници и проектите што ги сработиле.
повеќе
|
|
|
| |
| ГЛАСНОСТ |
ПРЕД САМИТОТ НА НАТО
Чартерот Чикаго
Скопје, 18 мај 2012
Летна нашиот чартер за Чикаго. Со надеж за покана за членство во НАТО? Не. Со надеж за поддршка на нејзиниот надворешнополитички и безбедносен курс и со волја за претставување на земјата со достоинство и соодговорност за меѓународниот мир, безбедност и стабилност. Од Чикаго нема никакви сигнали дека ќе се разговара за какво и да е проширување на алијансата, вклучувајќи ја и Македонија, но има сигнали дека ќе се разговара за зацврстување на партнерската мрежа на која и’ припаѓа и Македонија. И тоа е нешто кога се знае дека имаме договори за стратешко партнерство со, за нас битните членки на НАТО, САД и Турција.
повеќе
|
|
|
| |
| Интервју |
Марија Ефремова, амбасадор на Република Македонија во Велика Британија
Обединетото кралство не поддржува за членство во НАТО
Скопје, 18 мај 2012
Велика Британија отворено искажува поддршка за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Британскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит и неколкумина негови колеги се лобисти за Македонија. Мислите ли дека поддршката од Лондон може и конкретно да се ефектуира?
- Потполно се согласувам со вашата констатација дека Обединетото Кралство е еден од нашите најголеми поддржувачи во однос на евроатлантските интеграции. Мислам дека таа поддршка се одразува на бројни нивоа.
повеќе
|
|
|
| |
| ЕКОНОМИЈА |
Со бизнис форум во Хонг Конг завршува посетата на владината делегација на Кина
Скопје, 18 мај 2012
Со презентација на инвестициските можности на Република Македонија на бизнис форум во Хонг Конг денеска завршува посетата на владината делегација на Народна Република Кина. Премиерот Никола Груевски, кој ја предводи македонската делегација, ќе оствари средба со Сајмон Галпин, извршен директор на хонгконшката Агенција за странски инвестиции, како и со Доналд Цанг, извршен шеф на Специјалниот административен регион на Хонг Конг.
повеќе
|
|
|
| |
| ЕКОНОМИЈА |
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Скопје, 18 мај 2012
Кредитната рејтинг агенција Standard&Poor’s го потврди кредитниот рејтинг на Македонија за странска и за домашна валута на стабилен ББ/Б со добри перспективи за во иднина. Потврдата на оценката за кредитниот рејтинг, соопшти денеска Министерството за финансии, се случува во услови кога кредитната рејтинг агенција StandardиPoor’s ги намали оценките за повеќе земји во регионов и Европа, како Словенија, Франција, Италија, Португалија, Австрија, Кипар, Словачка и Шпанија.
повеќе
|
|
|
| |
| КУЛТУРА |
НА ФЕСТИВАЛ ВО МОНАКО
Два македонски филма со награда
Скопје, 18 мај 2012
Македонскиот филм "Панкот не е мртов", во режија на Владимир Блажевски, ја освои наградата за најдобро филмско сценарио на 7-то издание на Филмскиот фестивал за добротворни цели во Монако, кој се одржа во периодот од 8-15 мај годинава. Ова е единаесетто меѓународно признание на филмот, кој продолжува да ниже успеси на фестивалите ширум светот.
повеќе
|
|
|
| |
|
|
|
|